|
|
Банатско Сонце во Качарево (13.06.2007) |




|
„Банатско сонце“, емисија на македонски јазик, на 12 . јуни 2006. година започна редовно да се емитира на ТВ Панчево прослави година дена од нејзиното постоење. Скромно, со свечена емисија во која гостуваше главниот одговорен уредник на ТВ Панчево Невена Симендиќ и претседателот на Националниот совет на македонската заедница во Србија Јован Радески Година дена е период кога веќе можаат да се видат постигнатите резултати. Период доволен за сумирање на резултатите, правење планови за понатамошна и поуспешна работа. Сето тоа не може да се оствари ако не се слушнаат луѓето што мислат, кои се нивните забелешки и критики или пофалби. Со таа цел новинарот на „Банатско сонце“ го посети Качарево. Оваа населено место во минатата година беше најчесто посетувано. Првите портрети кои влегоа во емисијата се направени овде. Предност можеби беше пресретливоста на подружницата која работи овде и помошта која несебично и ја пружеше на редакцијата на „Банатско сонце“. Не може а да не се споменат и добродушните граѓани кои излегуваа во пресрет на новинарите.
Општа забелешка на анкетираните во Качарево е тоа што имаат слаб сигнал па немаат квалитетен прием и не можат секогаш да ја гледаат не само емисијата туку и воопшто се што се емитира на ТВ Панчево. Вкусовите им се различни и општо земено сите се задоволни. Важно им е што имаат каде да го слушнат мајчиниот јазик и да бидат информирани на него.
Лазареска Лилјана |
Здружение Вардар во посета на здружението Ќирило и Методије (македоснка вечер) (23.05.2007)
|
По повод 24 мај денот на Свети Кирил и Методи здружението од Нови Сад кое го носи нивното име организираше манифестација наречена „Денови на македонската култура во Нови Сад“. Програмата на манифестацијата уклучуваше една изложба, поетска вечер и традиционалната „Македонска вечер“ на која беа поканети и присуствуваа амбасадорот на Р. Македонија во Р.Србија, Виктор Димовски, претставници од Националниот совет, од здружението „Вардар“ во Панчево и од подружниците од кои е составено здружението „Вардар“ и многу други угледни гости. Меѓу гостите беа присутни и членови на подружницата од Качарево. Во познатиот ресторан „МБ пивара“ во Нови Сад, домаќините ги дочекаа гостите помеѓу останатото и со богата културно-уметничка програма. Атанас Крстески со звуците од гајдата на позната македонска песна го најави отварањето на свеченоста.
Присутните гости ги поздрави и преседателката на здружението Васка Чоргоска се зблагодари на голем одзив и им посака угодна вечер.
Во музичката програма главна улога имаше познатиот дует Селимова-Желчески, а учество зедоа и со тоа ја збогатија програмата Атанас Крстески од Качарево со својата гајда, Калиопи, младите играорци и други, а и музиката на Тоше Проески можеше да се чуе во паузите.
Главна цел на оваквите собири пред сè е дружење, негување на мајчиниот јазик, ширење на познанства и пријателства. Овде не беа присутни само Македонци. Оваа средба не ќе биде успешна ако не беа присутни претставници од Србите и другите националности. Овој пат повод за дружење беше денот на словенските просветители, браќата Ќирил и Методи.
Во иднина би требало вакви манифестации почесто да се организираат, не мора да има причина, не само заради тоа што ја претставуваат македонската култура на најдобар начин, туку и заради незаборавните средби.
Лазареска Лилјана |

 


|
Писатели од Р. Македониа во Панчево (22.05.2007) |




|
Македонците во Србија имаа уште една можност да се сретнат со претставниците од Македонија кои беа поканети на манифестацијата „Мајски денови на книгата во Панчево“, која се одржа од 22. до 26. мај. Честа да ја отворат петодневната манифестација и први да и се претстават на публиката ја имаа Виолета Златева-Тончева прозаист и поетите Вања Изова-Велева и Гоце Димовски, сите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Прв пат учествуваа на „Мајските денови на книгата во Панчево“. Направен е уште еден културен мост преку кој ќе се зближат нашите народи, а обичаите и духовните вредности ќе го направат тој мост поубав. Ваквите средби за ДПМ се посебно важни, како за воспоставување контакти и понатамошна соработка, така и за претставување, преведување и запознавање на литературните дела со поширок аудиториум.
За Македонците кои живеат во Србија овие средби претставуваат можност да се сретнат со своите сонародници, да слушнат новости и да се запознаат со писателите, поетите и нивните дела, со дел од културата која е и нивна.
Оваа културна манифестација треба да послужи како пример, да се организираат вакви средби што почесто затоа што е тоа алка која спојува култури, различности и народи. Народ кој нема традиција и не ја негува културата е отприлика како човек без глава.
Лазареска Лилјана |
ТАНЕЦ во Панчево (15.04.2007) |
Пред преполнетата сала во Домот на војската на 15. април „Танец“ по трет пат и се претстави на панчевачката публиката со својот широк репертоар . Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ е единствен професионален , фолклорен ансамбл во Р. Македонија кој од своето основање 1949. година , до денес успешно и на високо ниво ја остварува својата основна цел, да го собира , негува и преку соодветен уметнички израз сценски да го презентира богатиот македонски музички и играорен фолклор .
Пред почетокот на концертот одржан е и работен состанок со локалните КУД каде можеа да се разменат мислења и направат договори за понатамошна соработка и помош на локалните друштва од страна на „Танец“. Раководителите и врхунски уметници од „Танец“ можат да помогнат во она што значи поставување на кореографски постановки, да даваат совети, да овозможат раководителите на КУД да отидат во Македонија, посебно во „Танец“ за да можат да добијат повеќе информации и поуспешно да ја работат својата работа.
„Танец“ има долгогодишна соработка со ансамбалот „Коло“, затоа секоја година доаѓа во Р.Србија или „Коло“ гостува во Македонија. Одржаа заеднички концерти во Нови Сад, во Пожаревац, во Белград во Д омот на Синдикатите, а во Панчево концерт одржа само „Танец“. Турнеата завршува кога „Коло“ оди во Охрид на Балканскиот фестивал каде ќе настапи и со неколку концерти ќе и се претстави на македонската публика.
Концертот го започнаа со две изворни Мијачки ора од Западна Македонија, со „Мариовска тресеница“ ни го претставиа Мариовскиот регион. „Копачија“ е кореографска обработка инспирирана од фолклорот на истоимениот Кичевски регион. Преку „Анѓелино моме“, женското оро „Свекрвино“ и машките ора „Четворка“ и „Малесија“ кои се белег на овој регион не запознаа со основните етнолошки карактеристики на овој крај. А машкото оро „Осоговка“ представува сплет на повеќе машки игри од Источна Македонија, поточно од Осоговијата.
Не пренесоа и во Југозападна Македонија, поточно во Преспанскиот регион, ни ја представија убавината и грациозноста на играорната традиција на Преспа, а на крај „Танец“ ја изведе кореографската постановка „Пиринско цвеќе“ која насекаде предизвикува воодушевување и овации.
Низ плејадата на ритмови и импровизации, се испреплетува изворното со современиот третман на фолклорот. Виртуозноста и инвентивноста на инструменталистите се вклопува совршено во целосната представа на врвниот квалитет на „Танец“.
Концертот ни ги исполни сите сетила со убавините на македонскиот фолклор, таа ризница од духовни богатства позната насекаде во светот не пренесоа во Македонија и низ оро и песна не прошетаа низ убавините на нашата богата традиција која со векови наназад внимателно се создавала и пренесувала од поколеније на поколеније.
„Танец“ не и припаѓа само на Македонија, му припаѓа на целиот свет.
Организатор на концертот беше Националниот совет и здружението „Вардар“.
Проф. Лазареска Лилјана |





|
Скупштина 2007 (24.03.2007) |





|
Здружението на граѓаните на македонското национално малцинство од Јужнобанатскиот округ „Вардар“ на 24 март го одржа годишното изборно собрание .
Собранието на здружението „Вардар“ откако ги усвои извештаите за финансиската работа за минатата година ги прифати предлозите на шесте подружници за понатамошно изградување и јакнење на здружението. Во наредните денови ќе се работи врз формирањето на подружници во Глогоњ, Бела Црква и Ковин. Постигната е согласност активностите на здружението „Вардар“ пред сè да бидат насочени кон остварување на малцинските права на Македонците во Јужнобанатскиот регион. Здружението ќе се заложи во целост да се спроведе правото на службена употреба на македонскиот јазик во општините Панчево и Пландиште како и во село Гудурица. З
дружението ги подржа сите достигнати медиски форми на македонски јазик како и иницијативата од школската 2007/2008. година да се воведе македонски јазик со елементи на национална култура во наставниот план во местата со најголема концентрација на припадниците на македонската заедница . Прифатени се и измени и дополнувања на статутот. Здружението има и свој печат и грб кои сега имаат малку поинаков изглед .
Лазареска Лилјана |
Пошумување во Качарево (11.03.2007) |
Жителите на Качарево првите пролетни денови ги обележаа со една убава еколошка акција со која се обидоа да решат еден долгогодишен проблем, и својата животна средина да ја направат поубава и поздрава.
Неколку викенди во март месец ги посветија на пошумувањето на околината на Качарево. Прават зелен прстен околу селото. Селото е оголено, па се обидуваат да го заштитат од ветровите кои овде често дуваат, и да имаат чист воздух. Имаат уште еден голем проблем кој сакаат со пошумувањето да го решат. Бидејќи немаат дрвја околу селото сите птици се населиле во паркот кој се наоѓа на сред село, со пошумувањето мислат дека ќе го променат и нивното место на живеење.
Идеата за пошумување е повеќегодишна. Нејзината реализација почнала да се остварува од минатата година кога се пошумени одредени делови околу Качарево. На оваа место имаат желба да направат вистинско место за излет каде ќе можаат да излезат во природа и оние кои немаат каде да ги поминат празниците. Пошумувањето е во непосредна околина на селото па можаат луѓето и пешки да дојдат до него.
Само за еден ден засадени се околу илјада млади багреми и околу 450 бора. Се обидоа да го поправат и изгледот на центарот на селото. Посадиа млади дрвца и во центарот, го подмладуваат и паркот. Освен што се грижат да ја разубават околината на Качарево тие се грижат и за луѓето. Бидејќи водата во Качарево не е многу квалитетна за пиење најдоа решение и за тоа. Направија станица за здрава вода, каде луѓето ќе можаат да земаат сигурно исправна вода.
Оваа акција ја води месната заедница од Качарево каде се имаат приклучено сите здруженија кои постојат во Качарево како што се македонското здружение „Вардар“, здружението на голубарите, на рибарите, ловците и ОУ „Жарко Зрењанин“ и самите граѓани.
Така покажаа вистински пример на грижа за здрава животна средина.
Лазареска Лилјана |





|
Промоција на "МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА" (13.02.2007) |







|
Извршниот совет на АП Војводина на 13 . февруари во големата сала на владата го промовира првиот број на информативно-политичката ревија на македонски јазик во Р . Србија . На промоцијата присуствуваа голем број на гости од политичкиот , јавниот и културниот живот на покраината и малцинските заедници во Србија.
Многубројните гости ги поздрави директорката на „Новинско-издавачкиот центар“ Елисавета Стојановска-Ивановиќ. „ „Македонска виделина“ е прво чедо на нашиот „Новинско-издавачки центар“ кој неодамна го основа македонскиот Национален совет. Иако со задоцнување верувам дека тоа нема да пречи да стартуваме со исти позиции какви што ги имаат останатите етнички заедници. Се разбира, на почетокот ќе ни треба помош и потпора од покраината, од локалната самоуправа, но и од нашата земја матица. “
Излегувањето на ревијата го поздрави и подржа претседателот на покраинската влада мр Бојан Пајтиќ. Тој вети дека покраината и натаму ќе го поттикнува остварувањето на сите демократски и малцински права, според највисоките европски стандарди. „Во мултиетничка и мултикултурална Војводина и Србија сите граѓани треба да се чувствуваат како дома“, „Од македонската национална заедница очекуваме да дојде со нови идеи, а на нас е да ги подржиме“ рече Пајтиќ.
Покраинскиот секретар за информирање Милорад Ѓуриќ честитајќи го излегувањето на првиот број на „Македонска виделина“ истакна дека ова е осумнаесето списание на јазиците на националните заедници во Војводина. „Се надевам дека „Македонска виделина“ ќе биде значаен и културен момент во животот на Македонците во Војводина и дека на вистински начин ќе градат слика за сите нас.“
Амбасадорот Виктор Димовски посебна благодарност изрази на Извршниот совет на Војводина и на претседателот Пајтиќ, оценувајќи дека „Македонска виделина“ претставува најзначаен чекор во активностите на македонската заедница во Војводина во областа на информирањето, за чие остварување помошта на покраинската влада беше од големо значење.
Претседателот на Националниот совет Јован Радески рече дека овој настан е од историско значење за Македонците во Србија укажа на приоритетите во понатамошната работа на советот. Меѓу останатото приоритет е воведувањето на македонскиот јазик во наставната програма на основните училишта таму каде што е предвидено со законот на Србија и службена употреба на истиот.
За концепцијата и уредувачката политика на ревијата говореше главниот и одговорен уредник академикот Ристо Василевски, кој помеѓу другото најави и издавање на периодични изданија за литература и култура и весник за деца и младинци „Ѕуница“.
Со својот талент на многубројните гости им се пр e тстави десетгодишната Ирена Јосифовска, виртуоз на виолончело. Иако мала веќе има преку 100 јавни настапи и е освоила 15 значајни награди и признанија од кои три меѓународни. А младите членови на КУД „Васил Хаџиманов“ од Јабука ги разгалија гостите,а Македонците за момент ги вратија со мислите во родниот крај. |
Прослава на православна Нова година (13/14.01.2007) |
На 13. јануар Македонците од Качарево, заедно со своите комшии и пријатели прославија уште еден празник. Ја прославија Православната Нова година, во најдобро расположеније со желби за сè најубаво на сите граѓани. На прославата организирана во Домот на младината владееше вообичаена атмосфера прилагодена за овакви прослави.
Музиката и храната се разновидни, за да им ги задоволат вкусовите на сите присутни. Посетеноста е на завидно ниво. Мајсторите на народните инструменти до касно во ноќта ги забавуваа присутните гости и им ги исполнуваа музичките желби кои од прослава до прослава се сè побројни. Важно е тоа што и едните и другите уживаат.
Празнувањето и обележувањето на празниците во Качарево веќе поминува во навика и Македонците таму се собираат и организираат како по договор. Тие дружења им го разубавуваат животот, имаат можности да зборуваат на мајчиниот јазик и да се помагаат едни на други колку можаат. Уште поубаво би било кога би дошле младите да видаат како тоа изгледа и да земат учество во некои активности. Воеедно оваа нека представува покана до младите генерации.
Дојдете и погледнете ги вашите родители како се среќни и на момент забораваат на проблемите. Пробајте и вие! |



|
|
|
|
|