Izbor jezika

здружение на македонци од јужнобанатскиот округ

ВАРДАР

 
01.12.2007
 

Македонско училиште во Гудурица (09.11.2007)

 

 

 

 

 

Од почетокот на декември во три населени места во Војводина Гудурица, Пландиште и Вршац се одржува курс по македонски јазик „Добродојдовте на македонски јазик“. Курсот е зеднички проект на Регионалната канцеларија во Војводина и на Националниот совет на македонската заедница во Р.Србија, бесплатен е за оние кои го посетуваат. Заинтересирани се не само идните студенти, стипендисти на владата на Р . Македонија туку и луѓе од сите возрасти и нации, со еден збор сите оние кои сакаат да го научат македонскиот јазик. Го посетуваат 65 почетника , а возраста не е ограничена. Интересот за учење на македонскиот јазик е неверојатно голем. Професорот е среќен што голем број на деца сакаат да го научат јазикот на своите претци. C ите се надеваат и очекуваат помош од македонската влада, ако не во друго барем во учебници.

Курсот свечено го отвори амбасадорот на Р. Македонија во Р. Србија , Кире Илиоски во ОУ „Мош a Пијад a “ во Гудурица.

-Ова е голем ден, важен настан, прв пат се отвара курс по македонски јазик, рече амбасадорот Илиоски.

Отварањето на курсот го поздрави и претседателот на Националниот совет Јован Радески кој меѓу другото истакна дека за овој проект се заинтересирани и сите македонски здруженија во Србија и дека во иднина вакви курсеви ќе се одржуваат и во Зрењанин, Јабука , Качарево, Глогоњ, Лесковац, Врање, и други места каде живеат Македонци.
Ден на државност Р. Македонија - Јабука i Качарево (08.09.2007)

 

 

 

 

Македонците од Јабука и Качарево го одбележаа денот на државноста на Р. Македонија. За значењето на овој значаен празник од поновата историја на македонскиот народ, пред многубројните гости во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука , зборуваше претседателот на Извршниот совет , Борче Величковски . Многу значајно за Македонците во Србија е тоа што Р. Македонија и Р. Србија имаат посебно добри односи. Националниот совет на македонската заедница во Србија се труди и ќе се труди и понатаму по мирен пат на еден демократски и достоинствен начин да ги штити правата на Македонците и на другите малцинства кои живеат во мултиетничка средина какви се Јабука и Качарево.

Беше приреден богат културно-уметнички програм. Специјални гости на прославата во овие две населени места беа членовите на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп. Овој ансамбл годинава обележува значаен јубилеј, 60 години од формирањето. Задоволни од дочекот и среќни што се меѓу своите сонародници, пријатели и роднини . Гостите од Македонија беа среќни што имаа можност да ги претстават македонските песни и ора од својот широк репертуар пред своите домаќини и нивните многубројни гости. А домаќините се трудеа да го оправдат епитетот на гостољубиви домаќини кои го носат уште од својот роден крај. Во нивна чест приредија вечера на која имаа можност подобро да се запознаат и да го прошират кругот на пријатели.

 
 
Турнир во мал фудбал Корени 2007 - Дојран (05/08.09.2007)

ФК „ВИДЕЛИНА“ Е ШАМПИОН

Во организација на минист e рството за надворешни работи и a генцијата за млади и спорт, по повод 8 . септември, Денот на независноста на Р. Македонија од 2 . до 9 . септември во Дојран се одржа турнир во мал фудбал „Корени“. На турнирот учествуваа екипи од македонската дијаспора и тоа од Австралија, Австрија, Италија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Албанија, Бугарија и се разбира од Србија.

Фудбалската екипа на македонската заедница „Виделина“ од Р. Србија ја предводеше Венче Јовановски. Пред самото учество на турнирот претстоеше долго подготвување.

Ветувањето дадено пред тргнување за Дојран дека ќе се обидат достојно да ја претстават македонската заедница во татковината го исполнија. Рекоа:

-Не е доволно само да учествуваме, сакаме и да победиме.

Се вратија со освоено прво место и со пехар кој сведочи за нивниот успех.

Покрај натпреварите имаа и организирани посети на повеќе културно-историски знаменитости низ Р. Македонија.

Овој турнир по се изгледа дека ќе стане традиционален, ќе се одржува секоја година, за наредната е предвидено град домаќин да биде Битола.

проф. Лилјана Лазареска

 

 

 

 

Прослава на денот на државност на Р. Македонија во хотелот„ХАЈАТ“ во Белград (08.09.2007)

 

 

 

 

Денот на државноста на Р. Македонија и годинава беше прославен во големата „Кристална сала“ во хотелот „Хајат“ во Белград. Домаќините, многубројните гости ги дочека a со традиционалната добродошлица, леб, сол и насмевка. Празникот го честитаа претставници на дипломатскиот, политичкиот, економскиот, културниот и јавен живот на Србија. Беа присутни и претставници на верската заедница и многу пријатели на македонскиот народ. Најбројни беа, се разбира, Македонците од Србија кои за оваа прилика допатуваа од сите краеви на Р. Србија.

-Нека е среќен празникот, за многу години!

Оваа реченица го изразуваше расположението на сите присутни во салата , а сигурно е и речаница на многуми кои не беа поканети на овој собир или поради некои причини не можеа да присуствуваат на овој свечен настан.

Во пријатна атмосфера , додека се служеа првокласни македонски вина и надалеку познатото овчко сирење, брендови со кои се гордее секој Македонец, се среќаваа познати пријатели, остваруваа нови пријателства, закажуваа нови средби и договараа идна соработка.

 

Качарево - Крушево - Охрид - Битола - Ниш

 

 

 

 

 

 

 

 

ПЕАЧКА ГРУПА „ВАРДАРКИ“

 

Оваа група е основама во мај 200 5 . годин a во Качарево, со цел да се одржи и негува културната традиција, фолклорот, јазикот и обичаите на македонскиот народ. Составена е од околу триесет пеачи аматери и скромен музички оркестар составен од стари македонски инструменти: тапан, гајда и армоника, на кои исто така свират талентирани Македонци. Посебен впечаток оставиле песните: „Македонско девојче“, „Го пратиле дедо во планина“, „Иванчице галабице“, „Оро се вие кај манастирот“, „Помниш ли либе Тодоро“, „Пошла мома на вода“, Зајди зајди“ и други. Во својот реперт o ар имаат и српски народни песни „Жубор вода жуборила“, „Ситен камен до камена“, „Гора јечи“ и др.

За многу кратко време групата успешно го претстави својот репертоар на фестивалите и приредбите кои се одржаа во август.

T урнејата ја започнаа по Македонија и нивно прво крштевање беше пред битолската публика на битолскиот фестивал „Илинденски денови“ на 1. август каде учествуваа претставници од целата македонска дијаспора, каде се срдечно дочекани.

Патувањето во Македонија го искористија да посетат неколку значајни места во Македонија . Ги посетија Охрид, Македонски Брод, Скопје, Битола, а Крушево ги одушеви и им даде потребна енергија да го продолжат своето патување кон успехот.

Многу значаен настап за „Вардарките“ беше на 2 . август во Ниш, на централната прослава на Илинден, каде се претставија и пред македонската заедница во Р. Србија како и на грѓаните на градот Ниш.

 

 

Најдовски Сима

Опростување од амбасадорот Виктор Димовски (22.06.2007)

 

 

Националниот совет на Македонците во Србија и подружницата на здружението „Вардар“ во Јабука на амбасадорот во Р. Србија Виктор Димовски му приредија опроштајна вечер во Домот на срцата во Јабука. Националниот совет на македонската заедница во Србија заедно со претставниците на здруженијата донесе одлука на амбасадорот Димовски да му се додели златна плакета за успешна соработка и посебен придонос во остварувањето на правата на македонската заедница во Србија и унапредување на Националниот совет . Оваа највисоко признание македонската заедница во Србија за прв пат го доделува.

На оваа свечена средба домаќините од подружницата на здружението „Вардар“ од Јабука го именуваа амбасадорот Димовски за почесен член доделувајќи му членска карта.

Посебна благодарница и беше доделена и на советникот на министерот при амбасадата во Белград Сузана Зеленковска чиј мандат исто така истекна во јуни.

На оваа средба беше промовиран идејниот проект на подружницата во Јабука, а тоа е да се изгради македонска етно куќа во која ќе се негуваат културните вредности на македонскиот народ.

Лазареска Лилјана

 

Карневалот во Панчево (16.06.2007)

На четвртиот меѓународен карневал на маски кој се одржа во Панчево 15 . и 16 . јуни учествуваа околу 40 карневалски групи и повеќе од 2 000 учесници. Дојдоа гости од Италија, Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Нови Сад, Крагујевац, Лазаревац, Бела Црква. Активно учествуваа и домаќините од локалните здруженија на граѓани, од скоро сите села од панчевачката општина и од сите гратски основни училишта. На многубројните гледачи учесниците им порачаа: „Под маските сите сме еднакви!“. И гледачите имаа своја маска-насмеано лице.

Во шарената поворка за прв пат зедоа учество и се претставија Македонците од Јабука и Качарево со оригинална кореографија „Билјанки“ пропратена со звуците од познатата македонска песна „Билјана платно белеше“.

Ни Македонците од Струмица не заостанаа во оригиналноста. Маските со кои настапија за прв пат се претставени на карневалот во Струмица кој се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост. Настапија во две групи, „Ѕвезден град“ и „Мулен Руж“ со три маски „Моцарт“, „Рио де Ж a неиро“и „Венеција“ по барање на селекторот на карневалот во Панчево. На струмичкиот карневал секоја година учествуваат и претставници од Панчево.

Беа гости и на Националниот совет на македонската заедница во Србија каде срдечно ги дочекаа претседателот Јован Радески, претседателот на најголемото македонско здружение во Јужен Банат „Вардар“, Стојан Пандиловски претставници на подружницата во Качарево и многу Македонци кои живеат во Србија. Гостуваа и во утринската програма на ТВ Панчево. За нивното полесно снаоѓање во Панчево се грижеа Марија и Соња Митановски

Панчево е град со отворено срце, а карневалот бенседин за домаќините и гостите. Додека трае карневалот во изобилство има позитивна енергија и добро расположение.

Лазареска Лилјана

 

 

 

 

 

 

страна -1- -2-