Izbor jezika

здружение на македонци од јужнобанатскиот округ

ВАРДАР

 
МАКЕДОНСКО СЕЛО НЕКОГАШ (09.12.2006)

Подружницата во Качарево, која и припаѓа на здружението „Вардар “ , на девети деќември во Домот на младината организираше „Седенка “ направена како обичај, адет, онака како што се правеле некогаш во долгите зимски ноќи. Нè потсетија на времето кое многу од нас го чуваат како драг спомен. Тоа е годишен собир, кој се организира на крајот од годината. На изложбата од фотографии поставена во Домот на младината можеше да се види како работела подружницата преко целата година. Имаа направено уште една изложба на ракотворби, изработени од вредните раце на Македонките од подружницата, каде можеа да се видат изработени рачни работи од скоро сите занаети. Исто така можеше да се види како се преде волната, како се плетат чорапи од истата, како се везе, шие, рони пченка. Можевме да се вратиме назад и да се потсетиме како се работело некогаш, како се помагале едни на други собирајки се во една куќа. А младите генерации можеа да видат како живеале нивни дедои и баби сиот настан беше осветлен со газије ламби .

Покрај сето тоа прекрасна музика ги забавуваше гостите и домаќините. Звуците на гајдата доминираа, а покасно се придружија и други инструменти карактеристични за оваква собирања .

Цел е да се дружат, да се негува македонскиот јазик, македонските обичаи, да се представи македонската кујна, адетите и да се види како долгите зимски ноќи работно ги поминувале нашите стари, а знаеле и да се веселат и тоа не само по селата туку и по градовите. На овакви седенки нашите девојки и момчиња меѓусебно се запознавале и засакувале,а покасно и земале. Зачикувањето од момците на девојките и жените кои работеа овде исто така можеше да се види. Целта е и да се негува македонската етно музика. Беа присутни и другите народи и народности, кои заедно со M акедонците можеа да уживаат во оваа волшебна вечер, и подобро да ги запознаат своите соседи.

МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР 2006

Здружението на македонската заедница од Јужнобанатскиот округ „Вардар“, ја одржа четвртата „Македонска вечер“. На 10. ноември во хотелот „Тамиш“ во Панчево се ореше македонска песна и се виеше македонско оро. Многубројните гости, покрај музичката група на здружението, цела ноќ ги забавуваше и развеселуваше познатиот дует Селимова-Желчевски. Додека звукот на гајдата ја разгалува душата, познатите лица на пријателите ја надополнува празнината на роднините и пријателите кои се далеку. Како река течеа спомените на родниот крај пропратени со звуците на песните „Среде Скопје Вардар тече“, „Македонско девојче“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.

Председателот на здружението, Стојан Пандиловски, одржа поздравен говор каде измеѓу останатото нè потсети дека „Македонска вечер“ се одржува од 2003. година во Панчево, и дека оваа година прославата се совпаѓа со прославата на 60. годишнината од доселувањето на Македонците на овие простори. Тоа се убави мигови на дружење и обид да ги сочуваме од заборав нашите корени, културната традиција и културното наследство.

Присутните беа поздравени и од амбасадата на Македонија во Белград, од српско- македонското друштво „Шар планина“ од Белград , од потпретседателот на М.Н.С., Живко Стојановски и од други познати личности.

Беше организирана и томбола со голем број на награди.

Вечерта се заврши со пораката „Повторно да се видиме и собереме во идната година“.

60 ГОДИНИ ОД ДОСЕЛУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА И JУЖЕН БАНАТ - Централна Прослава (15.10.2006)

ПРОСЛАВЕН Е ЈУБИЛЕЈОТ

Шеесет години од доселувањето на Македонците во Војводина, Јужен Банат се обележа во месните заедници каде има најмногу доселено Македонци. Националниот совет на македонската заедница во Србија 15 . октомври организираше централна прослава.

КАЧАРЕВО

Жителите на Качарево, 4. октомври, први ја започнаа прославата на 60 годишнината од населувањето на Македонците во Војводина. Борци од НО B и претставници на М e сната заедница положија венци на спомениците на народните херои Светозар Качар и Жарко Зрењанин. Советот на Месната заедница одржа свечен состанок, каде присуствуваа претставници од општинската управа и месните одбори на политичките странки, борци, претставници на сите совети на Месната заедница. Состанокот се заврши со свечен ручек на кој присуствуваа многу значајни гости, п o меѓу другите и Милан Бабиќ, претседател на СО Панчево. Учениците од основното училиштето „Жарко Зрењанин“ во Качарево беа исто така уклучени во прославата. Помеѓу останатото тие организираа и мал карневал на улиците на оваа место. Нивните цртежи исто така беа изложени пред зградата на Месната заедница. Беше отворена изложба на фотографии „Качарево некогаш и сега“. Прославата програмски е завршена со прикажување на видео-презентација за развојот на Качарево од доселувањето до денес. На крајот многубројните гости можеа да уживаат во песната и играта на сите националности кои живеат овде, изведени од КУД „Вељко Влаховиќ“. Дружењето е продолжено на коктелот.

ГЛОГОЊ

Во Глогоњ, на 7. октомври, исто така е обележан јубилејот, со приредба во Домот на културата. Програмата е двојазично најавувана. Дејан Живковиќ, претседател на Советот на Месната заедница со пригоден говор ја отвори про c лавата, каде се изведени сплет народни игри, Давид Максимовиќ на армоника свиреше македонски песни, а рецитирани и пеени се песни на македонски јазик.Домаќинка на оваа прослава беше претставник на подружницата и директор на Домот на културата Маја Ѓеоргиевска.

ЈАБУКА

Јабука ја имаше таа чест два пати да прославува. Во организација на Советот на Месната заедница и со помош на Здружението „Вардар“, подружницата во Јабука, на 14. октомври во спортската сала пред многубројната публика и многу гости настапија КУД „Вељко Влаховиќ“ од Качарево, „Васил Хаџиманов“ од Јабука и домашната етно група „Традиција“. Раздраганата публика уживаше во звуците од родниот крај и во прекрасните песни и ора.

 

ЦЕНТРАЛНА ПРОСЛАВА

Централната прослава по повод 60 години од колонизаци j ата на македонското населението на подрачјето на J ужен Банат обележана е во Јабука и во Панчево, 15.октомври. На прославата присуствуваа Борис Тадиќ и Бранко Црвенковски, претседатели на Србија и Македонија. Пос e тата на Јабука, каде пред шест децении е доселена 561 фамилија со околу 3.500 членови, помина во пријателска атмосфера. На Тадиќ и Црвенковски во ОУ„Гоце Делчев“ свечено им с e дадени членски карти, сега тие се почесни членови на здружението „Вардар“, подружница Јабука По краток разговор со претставниците на локалните власти, месната заедница и претставниците на здружението на Македонците. Високите гости свечено го отворија седиштето на Националниот совет на македонското национално малцинство во Панчево, кое се наоѓа на шести спрат во зградата на СО Панчево.

На свечената академија во Центарот на културата во Панчево со пригодни говори зедоа учество покрај двата претседатела, Црвенковски и Тадиќ и градоначалникот на Панчево Срѓан Миковиќ и претседателот на НСМНМ Јован Радески. Свечената академија ја водеше Зафир Хаџиманов, двојазично , истата заврши со изведба на македонски песни од етно групата „Синтезис“ o д Скопје.

На платото пред зградата на СО Панчево, етно составот „Синтезис“ го одржа својот концерт пред многубројната публика, која уживаше во прекрасните песни изведени од добри мајстори и стари инструменти.

ИЗЛОЖБА

По повод 60 години од доселувањето на Македонците во Војводина, во фоајето на Центарот на културата, 13. октомври е отворена изложба на слики на Миле Спировски и Иван Величковски од Јабука. Изложбата свечено ја отвори неговата екселенција Амбасадорот на Р.Македонија во Р.Србија г-дин Виктор Димовски и градоначалникот на Панчево Срѓан Миковиќ. Оркестарот на музичкото училиште „Јован Бандур“ од Панчево го збогати овој настан.

ПРЕДАВАЊЕ

Исто така 13. октомври во големата сала на СО Панчево во рамките на прославата на 60 години од колонизацијата на Македонците во Војводина е одржано предавање на тема „60 години од доселувањето на Македонците во Војводина, Јужен Банат“ кое го одржа проф. Др Симо Младеновски научен соработник и редовен професор на Институтот за национална историја во Скопје. Симо Младеновски одржа слично предавање и во Пландиште.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

60 ГОДИНИ ОД ДОСЕЛУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА И JУЖЕН БАНАТ

Програма на прославата:

А) ВЕЧЕРИ НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМ ДАТУМ: Од 09 до 11.10.2006.година МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - ПАНЧЕВО ВРЕМЕ: Од 18иЗО часа

Б) ПРЕДАВАЊЕ НАТЕМА: „60 ГОДИНИ ОД ДОСЕЛУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА И ЈУЖНОБАНАТСКИОТ РЕГИОН„ -Др Симо Младеновски ДАТУМ: 12.10.2006 година. МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: ПЛАНДИШТЕ ВРЕМЕ:Од 17 до 18 и 30 часот.

В) СВЕЧЕНА ИЗЛОЖБА ДАТУМ:13.10.2006. година МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: ФОАЈЕ НА ЦЕНТАР НА КУЛТУРА - ПАНЧЕВО ВРЕМЕ: ОТВАРАЊЕ ВО 12 ЧАСОТ ИЗЛОЖБАТА ЌЕ ЈА ОТВОРИ АМБАСАДОРОТ НА Р.МАКЕДОНИЈА ВО Р.СРБИЈА Во тек на отварането ке се одржи мини концерт на гудачкиот оркестар на учениците од училиштето „Јован Бандур,,.

Г) ПРЕДАВАЊЕ НАТЕМА: „60 ГОДИНИ ОД ДОСЕЛУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА И ЈУЖНОБАНАТСКИОТ РЕГИОН„ - Др Симо Младеновски ДАТУМ: 13.10.2006.година МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: САЛАТА НА СОБРАНИЕТО ПАНЧЕВО ВРЕМЕ: од 13 и 30 до 15 часот.

Д) ПОСЕТА НА ПРЕДСЕДАТЕЛИТЕ НА Р.СРБИЈА И Р.МАКЕДОНИЈА ВО ЈАБУКА ДАТУМ: 15.10.2006.година ВРЕМЕ: од 10 и 30 до 11 и 15 часот.

Г) СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА СЕДИШТЕТО НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА МНМ ВО Р. СРБИЈА ДАТУМ: 15.10.2006.година ВРЕМЕ: од 11иЗО до 11и50 часот.

Е) СВЕЧЕНААКАДЕМИЈА МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: ЦЕНТАР НА КУЛТУРА ПАНЧЕВО ДАТУМ: 15.10.2006.година ВРЕМЕ: од 12 до 13 часот. ПРОГРАМА НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА: 1 Отварање со пушшање нз химните на Р.Србија и РМакедонија во изведба на хорот на Музичкото училиште „Јован Бандур од Панчево,,. 2.Поздраени говори: •Срган Миковиќ - градоначелник на Панчево -Мр Бојан Пајтиќ - председател на Покраинскиот Извршно веќе -Јован Радески - председател на НС на МНМ во Р.Србија -Борис Тадиќ - председател на Р.Србија -Бранко Црвенковски - председател на Р.Македонија 5. Настап на етно состав од Скопје „Синтезис,,

Ж) Концерт на етно составот "СИНТЕЗИС" - Скопје МЕСТО: Плоштад СО Панчево ДАТУМ: 15.10.2006. година ВРЕМЕ: 18часот. ВЛЕЗ СЛОБОДЕНПОКРОВИТЕЛИ НА ПРОСЛАВАТА - СО ПАНЧЕВО - ПОКРАЈИНСКИ ИЗВРШЕН СОВЕТ

Доделување награди на ликовни и литерарни творби со тема „60 години од доаѓање на колонисти во Качарево„
Прослава на денот на независност на Македонија - Јабука (08.09.2006)

Свечено и весело беше и во Јабука, каде за прв пат се прославуваше денот на самостојна и независна Македонија-осми септември. Петнаесетиот роденден го организираа членовите на подружницата „Вардар“ од Јабука.

На прославата беа поканети многубројни пријатели и драги гости кои се пречекани како доликува. Беше присутен и амбасадорот на Македонија Виктор Димовски со сопругата и раководството на Националниот Совети многу други гости од сите националности. Амбасадорот Виктор Димовски одржа поздравен говор каде ги пофали македонците од Јабука за идеата да направат прослава и овде, во Јабука. Понатаму во говорот рече: „Продолжете да работите на зачувувањето на националниот и културниот идентитет и бидете лојални граѓани на државата во која живеете. Постои една точка на Земјата која се вика Република Македонија, која зрачи со светлина насекаде каде што има Македонци. Добро е што ја имаме. И нека ни биде вечна Македонија!“

Со пригодни говори многубројните гости ги поздравија и го честитаа празникот претседателот на подружницата од Јабука Венче Јовановски и претседателот на здружението во Панчево Стојан Пандиловски.

Прославата траеше до доцна во ноќта како се и случува кога ќе се здружат пријатели. Се пееше и играше, а гостите можеа да се почастат со многубројните македонски специјалитети кои ги подготвија вредните домакинќи од Јабука Го привлекуваше погледот и прекрасна торта со македонско знаме.

Прослава на денот на независност на Македонија - Белград (08.09.2006)

Во Белград свечено е прославен осми септември денот на независноста на Македонија. Прославата ја организираше амбасадорот на Р. Македонија во Белград Виктор Димовски во кристалната дворана на хотелот Хајат. На приемот беа присутни членовите на Националниот Совет на Македонската заедница во Србија, претставници на српско-македонско друштво на пријателство „Шар планина“, претставници на дипломатскиот кор и истакнати личности од политичкиот и културниот живот на Србија и многубројни пријатели и гости.

Националниот Совет на македонците упати честитки до претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, премиерот Никола Грујовски и до претседателот на собранието Љубиша Георѓиевски со желби Македонија успешно да го заврши четвртиот Илинден, да стане полноправна членка на Евроатланските интеграции.

На прославата помеѓу другото гостите имаа можност да пробаат вина и сиреви од Македонија.


Прослава на Илинден 2006 во Качарево (02.08.2006)

Во оваа прекрасно место , каде луѓето живеат како еден, на 2. август пред Месна Заедница е организирана прослава на Илинден. Центарот на Качарево беше исполнет со музика со која пееше насобраниот народ. Се виеше шаренолико оро од генерации и големо како никогаш досега во Качарево. Освен доброто расположение кое луѓето го донесоа со себе веселбата ја доведоа до кулминација три вида музика за која беа задужени организаторите од подружницата во Качарево.Народна музика се слушаше до касно во ноќта, во еден дел од програмата се слушаше и класична музика.Со еден збор имаше за секого по нешто, сите се вратија дома со разгалени души. Во нив се мешаа звуците на гајда , фрула ,тамбура, синтисајзер,а тапанот зазема посебно место. Ова е ден на незаборав, кој долго се памти особено кај луѓето кои се далеку од минатото.

 

Посетеноста беше огромна не само од граѓаните кои живеат овде, но и од гостите кои дојдоа со своето присуство да го увеличат овој значаен ден за Македонскиот народ. Приреден е и коктел.

Прослава на Илинден 2006 - Палиќ (01.08.2006)

Годинава прославата на големиот национален празник на Македонскиот народ Илинден, се прославуваше во две насоки. Здруженијата, месните подружници, друштвата прославата ја организираа во месните заедници и градовите со пригоден програм и поздравен говор на 2. август.

Националниот Совет на македонското национално малцинство организираше централна прослава за сите Македонци од Р. Србија во прекрасниот Палиќ кој се наоѓа на самиот север од Војводина, 7 километри оддалечен од Суботица. Прославата се одржа на 1. август каде беше организирано доаѓањето од сите краеви од Р.Србија со автобуси, а домаќин овојпат беше Здружението на граѓани од северниот округ со подршка на Општината Суботица.

Од рани утрински часови се ореше македонска песна од сите краеви на Македонија да се потврди она што никогаш не може да се заборави. Сé одеше по планот. Веќе во 12 часот сите беа во Палиќ, со едно посебно расположение кое беше зголемено со сликите кои ги понесовме од изложбата отворена во Суботица на тема ИЛИНДЕН.

Времето до почетокот на спортските натпревари го искористивме за разгледување на околината која уште на самиот почеток ги зароби нашите погледи и го заокупира нашето внимание. Многумина од нас прв пат беа овде.

Организирани се спортски натпревари во мал фудбал, пикадо ,како и на сите вакви средби не изостана и спортската дисциплина надвлекување со ортома, која сé повеќе ги привлечува натпреварувачите. Фрлање камен преку рамо е исто така интересна дисциплина на која многумина зедоа учество. Иако сé се одвиваше во прилично тешки временски услови, големи горештини, сé се заврши како треба и како беше предвидено под будното око на организаторот на спортските активности. . За прво место од сите спортски дисциплини предвидени се и пехари кои ќе се понесат во витрините и сеќавањата како спомен на овој ден.

Додека се одвиваа спортскте натпревари во нивна непосредна близина се виеше оро и се слушаше македонска песна . Зацрвенети лица од жештина и од возбудување ја красеа плажата на езерото. Музичари без кои не може да се замисли таков собир и инструменти кои го збогатуваат колоритот гајдата и тапанот се зслужни за расположението на разиграниот народ.

Сето тоа беше прекинато со тргнувањето кон големиот парк на Палиќ каде е сместено специфично здание на овие простори Летња позорница, каде ќе се одвива третиот и завршниот дел од прославата. По свирењето на двете химни Македонската и Српската изведен е богат културно-уметнички програм. Културно-уметничките друштва од Куманово, Јабука, Палиќ ги забавуваа многубројните гости и значајни личности.

На крајот од програмата беа свечено доделени пехарите за освоено прво место во спортските активности.

страна -1- -2-

| Почеток | За Нас | Фото Албум | Вести | Вршац | Качарево | Јабука | Пландиште | Панчево | WebMail | Forum |
| Download | info@vardar.org.yu | © Vardar 2007 |