|
|
Добро дојдовте на македонски јазик и во Качарево (15.11.2008) |


|
|
Во Качарево многу години веќе нема настава по македонски јазик, a јазикот со голема брзина се заборава и губи. Очекуваме да еден број од полазниците ќе добие основно знаење од својот мајчин јазик и активно ќе може да го користи.
На првиот час , кој се одржа на 14. ноември, 2008година, во Основното училиште „Жарко Зрењанин„ во Качарево . Според полазниците и членовите на подружницата присаствуваа и директорот на училиштето госпоѓата Даниејела Ивановски, коа со големо разбирање и задоволство го подржа нашиот проект и ни даде простор за работа. По овој повод директорка ја поздрави оваа иницијатива и изрази желба за соработка и по други наши проекти во иднината. Школскиот библиотекар Тања Стојановски на полазниците им посака среќа и ги повика да ги користат книгите на македонски јазик, од школската библиотека.
„Цел на нашив проект е да ги запознаеме младите припадници на македонската национална заедница со основата на правописот и граматиката на македонскиот јазик. Во наредните 40 часови професорот по Македонски јазик Лилјана Лазароска ке направи “прошетка„ низ македонија, за да се запознаеме не само со јазикот веќе и со духовното , културно и материјално наследување на македоснкиот народ од минатото време.
Децата, али и постариот возраст, од Качарево јазикот ќе го учат во своето училиште на дополнителни часови сосема доброволно, во договор со директорот на училиштето. Наставата ќе се одвива по единствен план и програма како и во останатите места во Војводина и Србија.
И на самиот крај сакам да изразам посебно благодарение на Покрајинскиот секретират за управа прописи и национални малцинства од Нови сад, на Македонскиот Национален совет од Панчево без чија финансијска подршка овој преокт не би бил реализиран. Исто така благодарение и на членовите на подружницата кои со своето залагање го овозможиа почетокот на курсот. Се надевам дека од овој курс сите ќе бидеме побогати за нови сознанија и искуство„- кажа Симо Најдовски од кого што пред две години потекна првиот проект за учењето на мајчиниот јазик.
Пишува: Љубица Дојчиновска |
Етно работилница: Да го оживееме народното творештво (29.10.2008) |


 |
|
Творештвото на еден народ е резултат на работа на поединаци во кое секое ново време и секоа креација на поединецот остава посебен печат .Очекувани резултат од овој проект е да се сочува од заборав она што е со вековие сочувано и како такво дошло до нас, да се пренесе народното знаење на помладите генерации.
Најважно е да со запознавањето со своата култура, обичаите и творештвото на еден народ, младите да ги засакаат своите корени и повеќе да ги ценат културните вредности, како на својот народ, така и на останатите народи
Имаме над 20 учесници, помош им даваат 3 инструктора, Љиљана Најдовска, Миља Величковиќ и Љубица Дојчиновска и жените од групата ветерани.Во етно работилницата членовите на подружницта и членовите на етно пеачката група „ вардарки“, ги изучуваат народните обичаи и вештината на изработување рачни работи, од предењето, преку боењето на воланата до ткањето и плетењето, како и украсниот вез на народните носии , етно детали, и употребни домашни предмети.
Децата не само да гледаат како се преде плете и везе туку и изразузаваат инерес и самите да работат, во почетокот со недоверба во своите можности, но по некое време воздушевени се со своите резултати.
Работилницата трае веќе два месеца, два пати неделно и поради голем интерес, а на наше задоволство , ќе се продолжи. На крајот ќе биде прикажана видео презентација и изложба на изработените народни ракотворби, за да се представат и на пошироката публика. Исто така планираме да се настави и прошири работатната програмата во нови проекти, во кои би се заинтересирале по меѓу други и не вработени жени, за старите занаети можеби и професионално.
И за овој проект финансијска подршка добиена е од Министерството за култура на Репулика Србија, Покрајинскиот секретаријат за управа прописи и национални малцинства, и членовите на подружницата кој што волонтерски работат како инструктори.
Пишува: Љубица Дојчиновска |
Oбележен ден на државност на Р.Македонија во Качарево (07.09.2008) |



|
|
| |
(30.08.2008) |



|
|
| |
Илинден 2008 (03.08.2008) |
.jpg)
.jpg)
|
|
Разиграно и весело беше и во Качарево.До касно во ноќта жителите на ово место уживаа во прекрасните изведби на националниот ансамбл,,Тоше Проески,,-Панчево.
Потоа учество зедоа и гајдаши од Качарево-Иван Ивански и Атанас Крстевски и ја разгалија постарата публика,а малата деца по прв пат беа на блиско со овој иструмент.
,,Банатски кицоши,,се потрудиа да ја развеселат и помладата публика која чинеше и најголем дел од насобрани граѓани.
Прослава на Илинден беше организирана пд здружението Вардар- подружница Качарево со Домот на култура Качарево и М.З. Качарево.
Собраниот народ го поздрави преседателката на пдружницата,, Вардар,, Љубица Дојчиновска и председателот на месната заедница Качаево Ромиќ Бранко тиа им посакаа на собраните граѓани честит празник и пријатна вечер.
Подружницата Вардар од Качарево на сите Македоци и пријателите на Македонците од Качарево, а и пошироко им го честита светиот ден Илинден,а на верниците ,,Св.Илија,, голема желба за добро здравје, долг живот и успех во работата. |
Пеачката група на Тоше Проески во Панчево (23.04.2008) |
|
|
Пеачката група на Тоше Проески во април даде хуманитарни концерт во домот на старите во Панчево. |
Охридска чешма во Панчево (07.05.2008)
|


|
|
На 7. мај свечено беше обележано повторното пуштање во употреба на Охридската чешма во Панчево. Во вечерните часови покрај чешмата свои стихови читаа познати поети и поетеси кои живеат во Р. Србија: Душица Илин, Виктор Шеќеровски, Живко Јаневски – Шарски, Ѕвезда Пејовиќ, Милан Милошевиќ и др., а пеачката група на македонскиот Националниот ансамбл во Србија „Тоше Проески“ го овелича овој настан.
Направена е пред дваесетина години како спомен на долгогодишна соработка мегу водоводите во Панчево и Охрид, покрај главниот пат кој води во населбата Миса. Била украс на градот во времето кога била изградена, сведочи нејзиниот идеен творец Раде Арсенијевиќ. Голем придонес за нејзината изградба дале многу претпријатија и поединци.
Своето задоволство не го криеја ни жителите на оваа населба.
Свој придонес во обновувањето дадоа Симо Најдовски кој две години ја фотографираше и зборуваше за чешмата, новинарите на „Банатско сонце“ кои ја продолжија истрагата до конечното откривање на вистината, претседателот на советот на МЗ во оваа населба Светлана Дракулиќ, Зорица Коларски и нејзините соработници кои волонтерски се потрудија донекаде да го променат нејзиниот изглед. А Борис Николовски од Качарево ги даде првите значајни податоци што претставуваше голема помош во откривањето на вистината за оваа чешма.
-Охридската чешма е копија на 500 години стара чешма која се наоѓа во Охрид, потврди Раде Арсенијевиќ.
Останала неисполнета желбата на градителите да се направи војводинска чешма во центарот на Охрид.
Можеби ќе им се исполни желбата на градителите кои во првобитниот план сакале на сводот од чешмата да насликат фрески донесени од Охрид. Раде се надева дека и Драган Ристевски од Охрид кој учествувал во изградбата на овој споменик пријатно ќе се изненади.
Пишува: Лазареска Лилјана |
Тамара Тодевска |


|
|
|
Во Јабука обележена 105. годишнината од смртта на Гоце Делчев (05.05.2008)
|

|
|
На 4. мај 2008. година обележана е 105. годишнината од загинувањето на големиот национален револуционер Гоце Делчев.
Пред споменикот на Гоце Делчев во село Јабука венци и цвеќе положија амбасадорот на Р. Македонија во Р. Србија Александар Василевски, претседателот на здружението „Вардар“, Стојан Пандиловски, претседателот на Националниот совет на македонската заедница во Р. Србија Јован Радески, делегација од здружението во Зрењанин предводена од Камка Латинќиќ. Посебна почит му оддадоа Македонците од подружниците од Пландиште, Качарево, Панчево и Јабука која воедно беше и домаќин. Почит му оддадоа и градоначалникот на Панчево Срѓан Миковиќ и претседателот на советот на МЗ во Јабука Горан Митeвски.
За личноста и делото на Гоце Делчев, чие име со гордост и со децении го носи ОУ во Јабука, зборуваше Стојан Пандиловски, кој меѓу другото истакна:
-Hие не сакаме и немаме право да бидеме рамнодушни. Затоа верувам дека и нашата мала национална заедница ќе продолжи да сведочи за себе и за вистината за Македонија, така што ќе го чува својот идентитет, ќе ги афирмира националните особености, култура, историја и ќе го негува својот мајчин јазик. Само така како народ ќе опстанеме со свое име и идентитет и ќе имаме иднина која за својот народ ја посакуваше и за неа се бореше Гоце.
Гоце го замислуваше светот како поле на културна соработка. Исто така го замислуваат и Македонците кои живеат на овие простори.
-Овој ден ќе влезе во календарот на здружението „Вардар“ и ќе биде обележуван секоја година, вети претседателот на Националниот совет Јован Радески.
Пишува: Лазареска Лилјана |
Фолклорна смотра и денови на толеранција (04.05.2008) |




|
|
На овогодишната општинска смотра на музичкото и фолклорно творештво во Панчево пеачката група во составот на македонскиот националниот ансамбл „Тоше Проески“ од Качарево се, претстави пред панчевачката публика. Настапија во ревијалниот дел со три песни: „Помниш ли либе Тодоро“, „Прошетал Димчо рашетал“ и „Решил чичо да се жени“.
Пеачката група годинава успешно се претстави и на мултиетничката манифестација „Денови на толеранцијата“ која се одржува секоја година во Кикинда. Настапија вториот ден со „Насред село тапан чука“, „Зајко кукурајко“, „Зачукале тапаните“, „Ајде Като, ајде злато“, и др. Задоволни се од вниманието кое им е посветено од страна на домаќинитте, публиката и новинарите.
Успешно се претставија пред панчевачката публика на хуманитарниот концерт одржан во Герентолошкиот центар за стари лица каде ја одушевија публиката.
Зедоа учество и на отварањето на изложбата во галеријата „Прогрес“ во Белград. Оваа изложба е отворена под покровителство на српско-македонското друштво „Шар планина“ од Белград. Свои слики изложија Јордан Гелевски, Киро Станковски, Стојан Пачов и Божидар Ковачевиќ.
Лилјана Лазареска |
Сланинијада (14.02.-17.02.2008) |
 |
|
На најстарата туристичка манифестација во Војводина, „Сланинијадата“ која по 21. пат се одржа во Качарево од 14. до 17. февруари, се представија 35 индустриски и приватни производители на месо и месни производи. Освен јужнобанатските специјалитети околу 100 000 посетители имаа можност да ги пробат и производи од земјите од регионот. На „Сланинијадата“ свое учество зедоа и Бразил, Франција, Кина. Македонците многу брзо и лесно ги прифатија гастрономските специјалитети од овие простори. Тие се редовни учесници на „Сланиијадата“ од самиот нејзин почеток, а некои од нив веќе имаат добиено и награди.
Годинава прв пат во рамките на „Сланинијадата“ се претставија и Македонците од подружницата во Качарево со свој етно штанд подржан од Националниот совет. Организирана е промоција на македонската заедница со стари јадења и експонати. Штандот беше мошне интересен за посетителите бидејќи беше единствен од овој вид на оваа манифестација. Многумина дојдоа да пробат гравче на тавче, струмичка „Мастика“, леблебија, погача. Македонската музика ја претстави гајдашот Атанас Крстески, а посетителите имаа можност и да купат сувенир.
Пишува: Лазареска Лилјана |
Прослава на православна нова година (13/14.01.2008) |
 |
|
На 13. јануар Македонците од Качарево, заедно со своите комшии и пријатели прославија уште еден празник. Ја прославија Православната Нова година, во најдобро расположеније со желби за сè најубаво на сите граѓани. На прославата организирана во Домот на младината владееше вообичаена атмосфера прилагодена за овакви прослави. Музиката и храната се разновидни, за да им ги задоволат вкусовите на сите присутни. Посетеноста е на завидно ниво. Мајсторите на народните инструменти до касно во ноќта ги забавуваа присутните гости и им ги исполнуваа музичките желби кои од прослава до прослава се сè побројни. Важно е тоа што и едните и другите уживаат. Празнувањето и обележувањето на празниците во Качарево веќе поминува во навика и Македонците таму се собираат и организираат како по договор. Тие дружења им го разубавуваат животот, имаат можности да зборуваат на мајчиниот јазик и да се помагаат едни на други колку можаат. Уште поубаво би било кога би дошле младите да видаат како тоа изгледа и да земат учество во некои активности. Воеедно оваа нека представува покана до младите генерации. Дојдете и погледнете ги вашите родители како се среќни и на момент забораваат на проблемите.
Пробајте и вие! Пишува: Лазареска Лилјана |
|
|
|
|