Izbor jezika

здружение на македонци од јужнобанатскиот округ

ВАРДАР

 
 

„Вардарки“ продложуват со настапи во Војводина

- На 24 . август настапија на интернационалниот фестивал во Суботица, каде учествуваа Мексико, Романија,......и беа запазени дури и во странските медиуми. Овде освоија награда за најдобар штанд. Многубројните посетители беа послужени со леблебија, струмичка мастика и над 300 примероци весник„Македонска Виделина„

- Потоа зедоа учество и на етно фестивалот „Музика и храна“ во Нови Сад, одржан на 25 . август каде ја претставија македонската заедница во најдобро светло

- После овие настапи следува учество на меѓународниот фестивал „Ајд ' на рогаљ момче“ одржан на 29 . август во Перлез каде освоија прва награда за најубав играорец и играорка во народна носија.

- На прославата по повод 8 . септември, денот на државноста на Р. Македонија, одржана во спортската сала во Качарево, на 9. септември се претставија и пред домашната публика која исто така ги поздрави со одушевување

За своето кратко постоење „Вардарки“ постигнаа огромен успех и направија голем медијски продор. Сите се задоволни со п o стигнатите резултати и веќе работат на проширување на репертоарот.

Најдовски Сима