Здружението на граѓани на македонското национално малцинство од јужнобанатскисп округ „Вардар,, со седиште во Панчево е формирано на 18.02.2003. год. Цели и задачите на Здружението се да ги организира граѓаните на македонскотс национално малцинство, нивните семејства и пријателите на Здружението по ради остварување на правата кои произлегуваат од уставот на Сrbija. Законот за заштитата на правата и слободите на националните малцинства и статутот на здружението. Покрај другите задачи здружението има задача да ги негува и чува културните вредности, посебно на јазикот, обичаите, фолклорот и другите национални обележиа, потоа ги презентира и негува културните и историските традиции на Србија во коа живее ова малцинство поради полесно прилагодување и подобро меѓусобно разбирање. Здружението ги опфаќа сите јужнобанатски општини. Во овиа општини живеат 7.636 жители - македонци, по потекло од сите краеви на Р. Македонија. За остваривање на целите и задачите здружението ќе ги преземе следните активности:
-
Информирање на македонски јазик по пат на штампа, радио, ТВ и другите информативни средства.
-
Организира и уредува трибини.
-
Учество во акции и семинари који ги организира Србија, невладините организации и другите здружениа, а се однесуваат за положбата на малцинствата.
-
Оранизира културно-уметнички манифестации.
-
Организира културно уметнички друштва кои ќе негува македонски фолклор.
-
Организира изложби со пригодни содржини.
-
Прослава на национални празници.
Покрај наведеното, здружението пребзема и други активности кои произлегуват од програма за работа.
|